Open Call Details
Експерт за истражување и стратегија за еко-туризам
Услови на работа (ToR) 1. Вовед и позадина Organized Youth Association – OYA, го спроведува проектот “Туризам ЕКО – Од срцето на планините до срцата на туристите “, проект овој кој ќе се спроведе во Општина Маврово и Ростуше и Општина Гостивар. Општата цел на проектот е да се стимулира и оствари одржлив развој на еко-туризмот во општината на Маврово и Ростуше - во регионот на планината Кораб. 2. Цели Преку синергија помеѓу туризмот и земјоделството, целта е да се подигне свеста за зачувување на природните ресурси, промовираат традиционалните култури и начин на живот, како и да се подобри животниот стандард на локалните жители. 3. Задачи, одговорности и активности За успешното спроведување на активностите предвидени во проектот "Туризам ЕКО – Од срцето на планините до срцата на туристите", се потребни специфични експертски вештини и ангажирање на надворешен експерт. Главните задачи на експертот вклучуваат изведба на истражување и драфтирање на стратегија за еко-туризам. За успешното создавање на стратегијата, експертот ќе треба да изведе следните активности: - Спроведување на анкетен прашалник со цел да се соберат најмалку 60 одговори. Анкетата треба да обврзува широк круг на учесници, вклучувајќи ги локални заедници, туристички оператори и други релевантни страни. Фокус групите треба да вклучат помеѓу 8-12 учесници, од кои би требало да бидат представени различни сектори како национален парк Маврово, општина Маврово, млади луѓе и други релевантни институции и заедници. - Изведување на 2 интервјуа со релевантни чинители во областа на еко туризмот во регионот. Овие интервјуа треба да вклучуваат представници од институции, како национален парк Маврово, општинска власт, и други релевантни организации или бизнис сектор. Интервјуата ќе служат како дополнителен извор на информации и ставови за креирање на стратегијата. - Организирање на 2 работни групи со засегнати страни, вклучувајќи ги локални заедници, бизнис сектор, и организации за заштита на животната средина. Работните групи ќе овозможат консултации и дијалог помеѓу различните заинтересирани страни. - Краен резултат – драфтирана стратегија за еко туризам 4. Специфични испораки, резултати и индикатори Очекувани резултати од експертот се: Од експертот се очекуваат следните резултати: Спроведување на анкетен прашалник со најмалку 60 одговори од жители на регионот на Општина Маврово и Ростуше Изведување на 2 интервјуа со извештај кој ги пренесува релевантните заклучоци и препораки добиени од интервјуираните лица. Организирање на 2 работни групи со документирани седници и изработени заклучоци. Заклучоците треба да бидат интегрирани во крајната стратегија. Изготвување на локална стратегија за развој на одржлив туризам, вклучувајќи ги сите добиени заклучоци и препораки од истражувањата и консултациите со заедницата. Стратегијата треба да биде флексибилна и динамична, приспособлива на потребите и предизвиците на заедницата, за да остане релевантна и актуелна во текот на целиот период на реализација на проектот. 5. Временска рамка Ангажманот е предвиден за 60 денови во периодот 15.01.2023 – 15.04.2023 6. Финансии и олеснувања Во понудата која експертот ќе ја достави треба да се наведе цената по ден, и вкупната цена. Во цената треба да се вклучени и патните трошоци на експертот, кои сам ќе ги покрие. Освен понудата, експертот треба да достави и кратка биографија – CV 7. Контакти За дополнителни информации, можете да не контактирате преку маил или телефон на: Artspah@gmail.com Oyassociation@gmail.com +38972224069 Крајниот рок за поднесување понуди е 09.01.2024
Status: Published
Published At: Jan 02, 2024