Open Call Details
Мобилна апликација
Барање за понуди
Проект: ,,Проект за подобрување на социјалните услуги,, - Помош и нега во домот“
Организирана Асоцијација на Младите Гостивар
Организирана Асоцијација на Младите Гостивар во рамките на спроведувањето на проектот има потреба да ангажира лице или компанија за креирање на мобилна апликација за iOS и андроид платформите.
Барање за понуда: Креирање на мобилна апликација
Спецификација – Работни задачи:
Креирање на мобилна апликација „HOME CARE“ за услугата помош и нега во домот, која се обезбедува од страна на Организираната младинска асоцијација.
Апликацијата ќе овозможи:
- Аплицирање за услугата нега во домот, со едноставен и кориснички прилагоден интерфејс.
- Промоција на постигнувањата и успесите на услугата „Home Care“.
- Посебен дел наменет за аплицирање за добивање на услугата.
- Дел за поставување прашања, поднесување поплаки и давање сугестии.
- Дел за вести и новости поврзани со услугата.
- Апликацијата ќе биде достапна на три јазици: македонски, албански и англиски.
Заинтересираните лица треба да достават понуда во следниот формат:
Понуда за креирање на мобилна апликација
| Опис | Цена |
| Креирање на HOME CARE мобилна апликација |
Начин на плаќање: Плаќањето е на база на договор за дело.
Доставување на понудата:
Ако сте заинтересирани за доставување на понуда, ве молиме истата да ја достави во ул.“ЈНА“ ББ – Гостивар (кај стариот колеџ) најдоцна до 09.07.2024 до 12:00 часот, или на маил на oyassociation@gmail.com
За дополнителни информации, тел: +38972224069,
Арт Спахиу
Status: Published
Published At: Jul 02, 2024